– Пентагон денеска соопшти дека при напад со дрон во Сирија убиен е еден од лидерите на Исламска држава, Усама ал Мухаџир.
Според неименуван американски претставник, повеќе од два часа руски летала ги попречувале трите американски дронови, кои биле во потрага по Мухаџир.
Тој во момент на нападот возел мотор во Алепо.
Мухаџир е елиминиран во северозападна Сирија, но обично дејствуваше во источниот дел од земјата.