Градоначалниците од Скопскиот плански регион утре ќе расправаат за хигиената во главниот град

gjubre_3453534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Состојбата со хигиената во главниот град Скопје е единствена точка на дневниот ред на утрешниот состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион.

Состанокот ќе се одржи поради тоа што не се собира сметот од Скопје поради протест на вработените во Комунална хигиена.


Како што се најавува, по состанокот, кој ќе се одржи во просториите на Општина Аеродром, градоначалниците ќе излезат со свој став за настанатата состојба.

Скопскиот плански регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Северна Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини од кои десет се дел од градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Градот Скопје е составен од следните општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK