Анкета: Шпанската Народна партија би можела да освои апсолутно мнозинство на претстојните избори доколку се обедини со Вокс

shpanija_546464555
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Шпанската конзервативна Народна партија (ПП) го зголемува своето мнозинство над владејачките социјалисти пред претстојните парламентарни избори во земјата, но за да владее сепак ќе и треба помош од екстремно десничарската партија Вокс, покажуваат резултатите од анкетата на Ипсос изработена за весникот „Вангардија“.

Според истражувањето 35 отсто од анкетираните изразиле поддршка за опозициската ПП, а 28 проценти за Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) отсто за социјалистите. За екстремно левичарската коалиција Сумар се изјасниле 13 отсто од испитаниците, а за Вокс – 12,6 проценти.


Прогнозите покажуваат дека ПП ќе добие од 138 до 147 места во 350-члениот Долен дом на шпанскиот Парламент, а ПСОЕ од 102 до 112 места. Вокс може да очекува меѓу 32 и 39 места, а Сумар од 31 до 39.

Доколку резултатите од анкетата се потврдат на денот на изборите, 23 јули, можната десничарска коалиција на ПП и Вокс заедно би можела да добијат до 180 места, доволно за мнозинство. Можно е двете партии да добијат и до 170 пратенички места, што сепак би им дало повеќе од 150-те места на коалицијата на социјалистите и екстремната левица.

Премиерот Педро Санчез распиша предвремени избори по поразот на регионалните избори во мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK