– Во Велес вчера во 14.10 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(22) од Велес, во чиј дом била пронајдена дрога.
При претрес во домот во кој што престојувал, извршен по претходно добиена наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари.
По целосно документирање на случајот, најавија од МВР, ќе следи соодветен поднесок.