– Општина Ресен со планинарска тура до Магаро и велосипедска тура „Tour De Galichica“ ја завршува возобновената манифестација „Ајде шана мана под Галичица“.
Според програмата, претпладнево, освен планинарење и велосипедизам, ќе има и отворен ден за летање тандем со параглајдер, посета на Змискиот остров со чунка, а вечер во кампот во Стење локалната самоуправа и поддржувачи на манифестацијата ќе приредат дегустација на локални специјалитети, ѓомлезе, циронки и други производи од Преспа.
-Во Ресен и Преспа по пауза од две години организираме ново издание на ,,Ајде шана мана под Галичица”, Тур Де Галичица. Почнавме со ноќната тркана на пет километри низ улиците на Ресен „Ресен трчаТ“. На трката учествувааа граѓани од најмала до најголема возраст, при што на сите учесници им беа врачени благодарници за нивното учество, истакна градоначалникот Јован Тозиевски.
Манифестациите ги организираат Општина Ресен, планинарскиот клуб ,,Преспа Бајк” и Националниот парк ,,Галичица”, а параглајдинг летовите се во организација на клубот за параглајдинг „Кондот“ од Прилеп.