Фаворитите убедливи на стартот на државното екипно првенство во тенис

tenis_7657556
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Со дуелите од второто коло денеска продолжуваат натпреварите од екипното државно првенство во тенис, во кое фаворитите на стартот забележаа максимални победи.

Бранителот на титулата екипата на Југ во саботното прво коло постигна победа од 7:0 против Битола во дуелот од групата 1, додека во групата 2, тенисерите на Поинтер со 7:0 ја совлада Црна Река, а Неготино со истиот резултат славеше победа против Тумба од Куманово.


На денешната програма се натпреварите меѓу МТП – Битола (група 1), Поинтер – Тумба и Неготино – Црна река.

Натпреварите се играат на терените на ТК Југ во Градскиот парк во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK