Англија постави рекорд на патот до европската титула за фудбалери до 21 година

anglija_3453344345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Со нов рекорд од шест натпревари без примен гол англиската фудбалска репрезентација до 21 година триумфираше на Европското првенство и ја освои првата титула на Стариот континент по пауза од 39 години.







Во драматично финале кое се одигра синоќа во грузискиот град Батуми, Англија ја совлада Шпанија со голот на Куртис Џонс во судиското продолжение на првото полувреме, а возбудувањата кулминираа во деветта минута од судиското продолжение во вториот дел кога англискиот голман Џејмс Трафорд одбрани пенал.

Англичаните ја освоија третата европска титула во историјата, а прва по успесите во 1982 и 1984 година.

За Шпанија ова беше рекордно деветто финале, две повеќе од Италија на второто место. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK