– Најниски температури утрово се измерени седум целзиусови степени во Лазарополе и осум на Попова Шапка, највисоки 20 во Гевгелија и во Дојран.
Во Маврови Анови и Берово девет степени, 10 Крива Паланка, 11 Крушево и Битола, 12 степени во Претор, 13 степени се измерени во Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Дебар, 14 во Тетово, Демир Капија, Струмица, Виница, Велес и 15 степени во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци.
– Во текот на ноќта преовладуваше ведро, а утрово е сончево на места со слаб до умерен ветер од северен правец, информираа од УХМР.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени. УВ=9
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 31 степен.