Албански пратеник се откажа од мандатот поради учество на неговиот син во насилна тепачка

rahman_raja_35345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 По насилното однесување на членови на неговата фамилија, меѓу нив и неговиот син, кон членови на друга фамилија, пратеникот на Социјалистичката партија, Рахман Раја, од морални причини се откажа од пратеничкиот мандат.

Изјавил дека нема зборови да го изрази својот срам кон оние кои му верувале сите овие години, додавајќи дека „не успеал како родител и се чувствува засрамен” и побарал од синот да се предаде на полицијата.


-Им се извинувам на моите пријатели и колеги од пратеничката група и соопштувам дека се откажувам од пратеничкиот мандат и се повлекувам од политичкиот живот. Им се извинувам на тие што ме гласаа од 2000 година за градоначалник и во два мандата за пратеник. Им се извинувам на лицата кои беа жртва на тоа срамно насилство за моето семејство. Го повикувам мојот син да и се предаде на правдата. Господ да ми даде сила да се соочам со оваа голема болка и срам што, како камен го остави мојот син на моите плеќи, рекол Раја.

Инцидентот се случил вчера во кафуле каде седеле членови на семејството Маја кога оние од Раја ги нападнале со безбол палки, за што постои и видео снимка.

Јашар Маја, кој се здобил со тешки телесни повреди во кафулето во Боризана кај Круја, за Еуроњуз Албанија, ги открил причините за конфликтот.

– Пиевме кафе со синот на мојот чичко кога наеднаш, неочекувано не нападнаа луѓе од фамилијата Раја. Се почна поради каменоломот. Работите таму ми ја уништија куќата и поради оваа причина поднесов кривична пријава во полиција, рекол Маја кој заедно со братучедот се на болничко лекување.

Тој од надлежните побарал да преземат соодветни мерки ако не во спротивно „сами ќе делуваат”.

Фото: ФБ на Раја

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK