– Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 522 возачи.
Од нив, 41 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што денеска соопштија од МВР, 227 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 295 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.