– Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе го сподели своето мислење зошто клубот не успеа да ја освои првата титула во Лигата на шампионите.
Запрашан за неуспесите на клубот, Мбапе призна дека не знае „што му недостасува на ПСЖ“ и ги повика новинарите да го постават ова прашање „на луѓето кои го градат тимот, кои го организираат составот, кои го градат клубот“.
– Ова прашање не е за мене, туку за оние кои се над мене. Постигнав околу четириесет гола на клупско ниво, околу десет за мојата репрезентација. Бев најдобар играч и најдобар стрелец петта година по ред во Лига 1. Во Лигата на шампионите, за жал, се повредив пред првиот меч со Баерн и бевме беспомошни на реваншот. Но, во групната фаза мислам дека бев одлучувачки играч. Се разбира, можев и подобро. Но, не можев да создадам никаква магија, го цитира Мбапе „RMC Sport“.
Во последната сезона од Лигата на шампионите, ПСЖ загуби од Баерн (0:1, 0:2) во осминафиналето.
Најдобар резултат на парижаните на овој турнир беше пласманот во финалето во 2020 година, во кое ПСЖ загуби од Баерн (0:1).