Зеленски: Холандија го призна Холодомор како геноцид врз Украинците

ukraina_2342343333
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Претставничкиот дом на Холандија, Долниот дом на парламентот, го призна Холодомор како геноцид врз украинскиот народ, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Холодомор е голем глад што ја погоди Украина помеѓу 1932-33 година за време на владеењето на Јосиф Сталин над Советскиот Сојуз, при што, според проценките, починале околу 3,5 до 5 милиони Украинци.


Украинската Влада ја повика меѓународната заедница да го признае како геноцид, пренесува Укринформ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK