Швајцарија и Австрија денеска потпишаа декларација за намери за приклучување кон Европската иницијатива за небесен штит (ЕССИ).
Двете земји истакнаа дека потпишувањето на декларацијата не влијае на нивната политика на неутралност, која останува непроменета. За
Небесен штит е систем кој Германија го лансираше по руската инвазија врз Украина и е дизајниран да им овозможи на европските земји заедно да купуваат одбранбени системи и заедно да спроведуваат вежби.
Досега декларацијата ја потпишале 19 земји, меѓу кои Велика Британија, нордиските и балтичките земји, Унгарија, Романија и Бугарија.