Штипскиот парк „Кртеке“ ќе биде осветлен

krteke
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Паркот „Кртеке“ во штипската населба Суитлак ќе добие целосно осветлување, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Активностите на терен започнаа денеска, а во следните неколку дена ќе се постави подземната инсталација, канделабрите и со тоа да се подобрат условите во овој парк.

– Одлучивме целосно осветлување да направиме на паркот „Кртеке“, да се постават повеќе од 20 канделабри, дополнителна урбана опрема, обнова на веќе постоечката урбана опрема за да можат нашите сограѓани во летните месеци да го користат овој потег на градот, овој парк којшто се протега до самиот Суитлак, населбата Деснаци и Порта- Пролет, вели Јорданов.


Тој истакна дека во завршна фаза е и адаптацијата на просторот во ОМЦ „Киро Глигоров“ во кој од утре ќе има и кино-сала. Со тоа, како што вели Јорданов, целиот простор ќе добие една целина.

– Во завршна фаза веќе од утре се пушта и кино-салата „Киноверзум“. Овде е ЗОО Паркот „Бриони“, така што ова е еден прекрасен дел од нашиот град, којшто верувам дека нашите сограѓани ќе го користат, рече Јорданов.

Проектот за осветлување на паркот „Кртеке“ е во вредност од 500.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK