Политичката партија Левица безрезервно ја поддржува протестната блокада на активистите од „Здрава Котлина” и струмичко која ќе се оддржи на 15 јули во Струмица и која има за цел одбрана на Струмичка котлина, југоистокот и Македонија од рудникот на смртта “Иловица-Штука”.
Силите на Левица, како и досега, се на целосно располагање во оваа борба.
Воедно го повикуваме народот масовно да се приклучи како во оваа блокадата, така и во понатамошната борба против ова зло кое демне над Македонија.
Рудник на смртта во Иловица нема да има!