Ковачевски – Мекарти: Македонија треба да продолжи да се движи напред

kovacevski-mekreti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од суштинско значење  Македонија да продолжи да се движи напред, по членството во НАТО и кон полноправно членство во Европската Унија, беше истакнато на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Ова, како што е констатирано, ќе го осигура квалитетот на живот на граѓаните во земјава, во насока на унапредување на животниот стандард, квалитетот на услугите, владеењето на правото, што се клучни граѓански интереси.


На состанокот, како што соопшти прес-службата на Влада, е разговарано за актуелни прашања од значење за нашата држава и за регионот и Европа.

На состанокот е изразено очекување дека демократски определените политички субјекти, во следните неколку месеци ќе се вклучат активно во одлуките што ќе ги осигурат европските перспективи на граѓаните и  Македонија.

-Владата и јас како премиер сме активно посветени кон перспективите. Државата денес е рамноправна членка на НАТО. Отворивме преговори со ЕУ, заштитувајќи го македонскиот јазик и идентитет. Ги решававме актуелните предизвици од ситуацијата во Украина, преку цврстото партнерство со САД и европските пријатели. И тоа што е потребно е разум од сите политички субјекти, дека шансата да направиме нов чекор напред е сега, рече Ковачевски.

Ковачевски се заблагодари за долгогодишната принципиелна и конструктивна соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ), којашто води кон унапредување на демократските процеси во државата, стои во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK