Реакција на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски


sdsm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Христијан Мицкоски со неговите изјави застанува против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон.

Мицкоски брани криминал докажан во транспарентен судски процес и се става над законите, над Уставот.


Зборува дека ќе помилувал, дека ќе ги ослободувал сите од ДПМНЕ.

Ниту е Мицкоски над Законот, ниту е над Уставот.

Принципот на правда и правичност во демократско општество почива на Закон и Устав, на процедура и на надлежни институции.

Кој е Мицкоски да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не?

Може Мицкоски да се замислува што сака но ниту е судија, ниту обвинител.

Ова покажува дека Мицкоски е ист како Никола Груевски, во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е заробена партија која сака да е и суд и обвинител, да суди и да пресудува.

Тоа време заврши и никогаш повеќе нема да се врати.

Ако досега не му било јасно на Мицкоски ќе му стане.

Прво што треба да направи Мицкоски и ДПМНЕ е да се извини и јавно да се огради од криминалците во сопствените редови, пред се за Скопје 2014 и 27-ми април а потоа и за другите случаи. Само така ќе покаже дека навистина е за правда.

Секој што го прекршил законот мора да се соочи со правдата и со одговорноста.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK