Ларвицидна дезинсекција против комарци во Куманово

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Куманово информира дека ќе изврши ларвицидна дезинсекција против комарци на застоени водни површини.

Дезинсекцијата ќе се изврши во понеделник (10.07.2023 година) во период од 08:00 до 14:00 часот во селата Речица, Клечовце, на „Индустриска улица“ кај месноста викана Бара, во населбата „Ајдучка чешма“, по течението на реките Којнарка и Кумановка, кај локација „Толи Зордумис“.


Наредниот ден ќе биде извршена адултицидна дезинсекција, против возрасни форми на комарци. Третманот ќе се врши на територија на општина Куманово.

– Доколку временските услови не дозволат да се извршат третманите, дезинскецијата ќе се одложи за наредниот ден, велат од општината.

Ова е прва фаза од дезинсекција која се спроведува двапати годишно во неколку наврати. Општината во средината на јуни годинава склучи договор со избрана компанија „Плант медика“ за извршување услуги за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, комарци во вредност од 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Со посебен тендер избрана е компанија „Бониер“ за авионска дезинсекција и за оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 1.038.400 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK