Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јуни.
Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов
Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гаврил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем с ? до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е 7 јули.
Свети Вилибалд
Денешниот покровител е Вилибалд, епископ од Ајхштат, омилен баварски светец. Роден е на 21 октомври околу 700 година, во англосаксонското кралство Весекс (југозападна Англија). Таа потекнува од семејство кое и дало на Црквата голем број светци (таткото на Вилибалд, Рикард, браќата Винебалд и Валпурга), а по крвно сродство била и со свети Бонифациј, апостолот на Германија. Во 740 година, Вилибалд пристигнал во баварскиот град Ајхштат, каде што неговиот вујко Бонифациј го ракоположил за свештеник во 740 година, а потоа во 741 година во Зулценбрикен во близина на Ерфурт и за епископ. Вилибад бил епископ 45 години, а умрел во длабока старост на денешен ден, 7 јули 787 година, во Ајхштат. Прогласен е за светец во 938 година од папата Лав VII. Тој е светец-заштитник на Ајхштат, а нему му се посветени многу цркви и капели во Германија и Австрија.