Османи: Откако го слушнав предлогот на Мицкоски веднаш се јавив на Ахмети, тој знае колку е важна ЕУ за нас

osmani_345345345333
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Откако го слушнав предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој бараше ДУИ да излезе од Влада по што би дале поддршка за уставните измени, веднаш се јавив на Али Ахмети. Ахмети не чекаше ниту една секунда за да каже да, затоа што за него е многу важно прашањето за Европската унија, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи вечерва во гостувањето на телевизијата Канал 5 посочи оти Ахмети знаел како искусен политичар колку е важна Европската унија за нашата држава. Според него, Ахмети во ова виде нова шанса за уставни измени и воопшто не ја калкулираше цената на ДУИ во тој дел.


Османи потенцираше дека ДУИ беше разумот во општеството во најтешките и најкризните периоди во државата.

-ДУИ сите овие 20 години беше дел од решението. ДУИ беше на некој начин навигатор на проатланскиот курс на државата, стабилизатор на државата, разумот на општеството. Но, во последно време гледаме пропаганда која што е насочена кон ДУИ, што мислам дека е на некој начин рефлексија на едно антиалбанство генерално. Земете ја анализата на кој било по однос на улогата на ДУИ во последните 20 години во оваа држава, не можете да извлечете поинаков заклучок, освен дека беше разумот во општеството во најтешките и најкризните периоди, рече Османи.

Како што додаде, ДУИ не е во Влада затоа што се наметнала во Влада, туку затоа што има добиено на избори.

-Ова е нова генерација на луѓе кои знаат како да работат и даваат впечаток дека ДУИ е секаде, дека ДУИ доминира, а бројчано колку што имавме во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, толку имаме и во оваа Влада. Прашање за голема моќ на ДУИ е само прашање на впечаток. ДУИ е конструктивно политичка партија, рече Османи.

Прашан колку Огнената група може да направи штета во партијата, Османи одговори дека тоа е завршено прашање.

-Тоа е завршено прашање. ДУИ имаше процес на пререгистрирање на членството, имаме масовно регистрирање, запишување на членството и во Чаир. Тие што се запишале тие се членови на ДУИ, кој не се запишал може да зборува за ДУИ од страна, од надвор, додаде Османи.

Тој потенцираше и дека го прочитал интервјуто на Љупчо Георгиевски, во кое тој вели дека „државата ќе беше многу подобра да не ги имаше Албанците“.

-Го прочитав интервјуто на Љупчо Горгиевски во кое се вели дека „државата ќе беше многу подобра да не ги имаше Албанците“. Тој е еден од тие што зборува отворено за тоа што другите го кажуваат. Обидот и дождот да се поврзе со ДУИ е всушност таа потреба на сентиментот кој што го кажува денеска Љупчо Горгиевски на интервју, но е непопуларно да се каже па тоа се преформулира во анти – ДУИ кампања, вели Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK