Усик против Дубоа на 26 август

usik_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Светскиот боксерски првак во тешка категорија, Украинецот Олександр Усик, ќе ги брани титулите во верзиите IBF, IBO, WBO и WBA на 26 август против Британецот Даниел Дубоа во полскиот град Вроцлав.

Се очекуваше дека Усик ќе се бори против светскиот првак во верзијата WBC, Британецот Тајсон Фјури, но преговорите за нивна борна пропаднаа во март.


„Се гледаме на 26 август“, напиша украинскиот боксер на социјалните мрежи, најавувајќи ја борбата која е закажана два дена по Денот на независноста на Украина – 24 август.

„Навистина ми е мило што имаме можност да организираме борба во Полска, каде пред седум години ја освоив својата прва светска титула. Сакам да му се заблагодарам на полскиот народ кој толку искрено ѝ помага на Украина“, порача Усик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK