Рекорден трансфер во британскиот женски фудбал

mancester angliski zenski prvoligas
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот женски премиерлигаш Манчестер сити ги засили своите редови со Холанѓанката Џил Рорд, со која потпиша тригодишен договор вреден 350.000 евра, јавија денеска британските медиуми.







Според истите извори, станува збор за рекорден износ на трансфер во историјата на британскиот женски фудбал.

Рорд (26) се сели в Манчестер сити од редови на Волфсбург, откако претходно во кариерата настапуваше за Твенте, Баерн Минхен и Арсенал.

Со холандската репрезентација Рорд ја освои европската титула во 2017 година, а две години подоцна се закити со сребро на Светското првенство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK