МЗШВ: Набавката на пченица за стоковите резерви да биде во повеќе лотови со предност на домашната пченица

zito_pcenica_4355435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со потсекторската група за жито при МЗШВ до Агенцијата за стокови резерви упати барање планирананата јавна набавка на 15.000 тони пченица за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да биде поделена во пет лотови од 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица.

МЗШВ соопшти дека ова е барање на потсекторската група за жито и најавуваат дека токму за ова прашање како министерство на следната владина седница ќе достават информација до Владата.


– Наша цел како министерство и Влада, преку Националниот план за производство на храна кој минатата година го донесовме, е поддршка на домашното производство и поголем мотив за земјоделците да остварат поголем принос значајни култури, а домашното производство да се насочи кон домашните капацитети, се вели во соопштението.

МЗШВ информира дека во разговорите со потсекторската група за жито нотирани се три барања од земјоделците, поддршка за јачменот и пченицата, како и барање за откуп на домшаните количини за потребите на стоковите резерви. – МЗШВ овие сите три барања на потсекторската група ги смета за основани и прифатливи. Нови мерки за поддршка за производители на јачмен и пченица се веќе креирани и предложени до Владата за усвојување, соопшти МЗШВ.

Преку Интервентната програма, како што се наведува во соопштението, креираме нова мерка со која даваме поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година.

– Преку измена на Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за  производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 килограми по хектар и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година, се вели во соопштението.

Од МЗШВ потсетуваат дека зголемена поддршка за производителите на житни култури е обезбедена и за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година. – Ја зголемуваме на 1.500.000 денари по корисник финасиската поддршка и го зголемуваме рокот за предавање на производството во складишните капацитети, стои во соопштението.

Според МЗШВ, оправдано е последното барање на потсекторската група за откуп на домашни количини пченица за потребите на стоковите резерви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK