САД испратија протест до руските власти поради одлуката московското Англо-американско училиште да се прогласи за „странски агент“.
Во соопштение до јавноста портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека одлуката е „шокантна“.
– Англо-американската школа во Москва е отворена во 1949 година и со децении нуди одлично образование за децата на странските дипомати и руските граѓани. Предизвикува вознемиреност што руската влада без законски основи одлучила на таков начин да се обраќа кон оваа авторитетна, проверена и професионалноа установа, изјави Милер.
Додаде дека „во текот на 74 години САД и Русија беа заеднички заинтересирани во тоа што децата на старателите од двете страни имаа можност да добиваат образование без непотребни прекини или прогони. Овие акции на руските власти го поткопаа тој принцип“.