Рама: Треба со срце да го поддржиме Берлинскиот процес за да ја вратиме неговата функционалност

Rama - Makedonija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Треба со срце да го поддржиме Берлинскиот процес. Се наоѓаме во момент на стапување во друга фаза на односите со ЕУ, за кои овој процес е клучен. Посакувам Отворен Балкан да го ставам на страна од Балканскиот процес, но кој не бил приклучен кон таа иницијатива погрешил, порача албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес конференција во Скопје со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање кусо да одговори дали ќе продолжи да ја поддржува иницијативата Отворен Балкан, Рама рече дека „не се работи за живот или смрт“, бидејќи станува збор за една од 72-те иницијативи во ЈИЕ, која донесе фантастични придобивки во реалноста на луѓето, за да тргуваат за да се движат слободно, но без да одоговри конкретно.


-Ние треба со срце да го поддржиме Берлинскиот процес за да го вратиме Берлинскиот процес во еден функционален процес целосно, како што покажа и Отворен Балкан дека ние можеме да бидеме функционални кога сме заедно и сплотени. Берлинскиот процес не застана поради тие што го основаа Отворен Балкан. Забележа застој, затоа што од не потпишувам, или ќе се видиме утре, задутре, затоа забележа застој. Ќе му дадеме на Берлинскиот процес нов поттик.  Се надевам дека ќе го претвориме во еден процес директно поврзан со планот за финансирање на ЕУ. Германија неопходно ни треба во прв ред и сите други земји, за заедно да го оживееме. Ние сме во еден момент на стапување во друга фаза на односите со ЕУ и за ова Берлинскиот процес е клучен. Тој е мост чии столбови треба да се зајакнат и потребно е да се фокусираме на тој мост, без да се вознемуруваме од разни струења, или ветрови, Отворен Балкан или други нешта. Велам да се фокусираме на Берлинскиот процес. Животот е убав бидејќи секој може да ја пее својата песна во услови на слобода и демократија. Кој смета дека Отворен Балкан потфрлил нека ја испее песната за крајот на Отворен Балкан, кој го поддржува нека продолжи да го поддржува, вели Рама.

Отворен Балкан беше во полза на овој регион. Илјада пати да се навратам, 1000 пати ќе го следам истиот пат. Тој не е никаква грешка, рече, меѓу другото, албанскиот премиер, нагласувајќи дека Отворен Балкан не е иницијатива која исклучува, и посочи на придобивките.

-Видете ги трговските бројки меѓу земјите, и никогаш не заборавајте тоа што е направено. Напротив и служеше и на Берлинскиот процес кој е чадор, процес на кој сакам да се фокусирам сто проценти. Не разбирам како се уште има сомнеж за ова кога фактите се јасни, потенцира Рама и порача дека Рама дека не треба да се биде против поради некакви историски причини или некогашни крвопролевања во регионот.

Албанскиот премиер во неговиот воведен дел ги оцени денешните разговори во Скопје како многу конструктивни и дека се потврда за суштинска согласност околу бројни прашања.

Тој се осврна на европските интеграции низ кои заедно минаа двете земји кои одреден период, вели, биле третирани како трети земји, но денес состојбата е подобрена.

-Добрата вест е дека ЕК работи во таа насока и во Тирана ќе имаме состанок на кој сте поканети и вие како држава. Ние треба да дадеме придонес кон потребата од ЕУ да бидеме рамноправна членка. Албанија, Македонија и Црна Гора се членки на НАТО во еден регион кој не е спокоен и во рамки на кој и тоа како имаме потреба од разбирање, комуникација и меѓусебна соработка и со земјите од регионот кои не се членки на НАТО, рече Рама.

Од Скопје кое прва станица на неговата балканска турнеја во рамки на подготовските за самитот на Берлинскиот процес во октомври во Тирана, Рама замина за Пришина. Во рамки на регионалната турнеја ќе ги посети и Белград, Сараево и Подгорица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK