И покрај руската инвазија врз Украина што резултираше со економско забавување во ЕУ во втората половина на 2022 година, пазарот на трудот во Унијата лани покажаа извонредна отпорност на ваквите влијанија и беше забележан реален економски раст од 3,5 проценти, се наведува во Извештајот за вработување и социјален развој во Европа (ЕСДЕ) за 2023 година на Европската комисија .
Во Извештајот, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, се посочува дека стапката на вработеност во ЕУ во 2022 година достигнала рекордно високо ниво од 74,6 проценти со вкупно 213,7 милиони вработени лица, а стапката на невработеност паднала на историски најниски 6,2 отсто.
Сепак, според ЕСДЕ, остануваат предизвиците со ниската застапеност на пазарот на трудот на одредени категории, како што се жените или лицата со попреченост. Невработеноста кај младите е намалена од 16,7 отсто во 2021 година на 14,5 процнти лани, но големиот број невработени млади лица и натаму останува еден од главните предизвици.
Во последната деценија Албанија ја напуштите четири илјади лекари од општа пракса но и специјалисти по одредена медицинска гранка.
– Дополнително, компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и постои потреба и работодавачите и работниците да се прилагодат на потребите за одредени вештини, пред се поврзани со зелената и дигиталната транзиција, се додава во Извештајот.
Недостигот на работна сила особено е видлив во секторите градежништво, здравство, наука, инженерство и информациско-комуникациска технологија. Дополнително се очекува овој недостиг да се зголеми со проектираното намалување на бројот на работоспособно население од 265 милиони во 2022 година на 258 милиони до 2030 година.
Во контекст на зелената транзиција, инвестициските потреби за преквалификации и усовршување се проценуваат помеѓу 1,7 и 4,1 милијарди евра до 2030 година.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија ќе обезбедат дополнителна финансиска поддршка за малите и средните претпријатија во Западен Балкан за справување со последиците о
За надминување на ваквите состојби во Извештајот на ЕСДЕ се препорачува инвестирање во програми за обука и развој на вештини за возрасни, обезбедување поголемо учество на пазарот на трудот на млади, повозрасни луѓе, како и на лица со мигрантско потекло и со понизок степен на образовние, отстранување на бариерите за прилив на работна сила, поголеми финансиски стимулации за работа и зајакнување на социјалниот дијалог за подобрување на работните услови.
Покрај ова Европската комисија предлага и промовирање на „таргетирана миграција на работна сила“ од земји кои не се членки на ЕУ за да се намали недостигот на работници со одредени вештини, за чија цел Европската комисија започна Пилот-проект за таленти, со кои би им се помагло на поединците да ги усовршуваат своите вештини согласно потребната работна сила.
– Привлекувањето лица со неопходните вештини од земји надвор од ЕУ е исто така меѓу главните цели на Европската година на вештини, а Комисијата ќе претстави иницијатива за подобро препознавање на квалификациите на државјаните кои не се членки на ЕУ и ќе развие партнерства за таленти со избрани земји партнери на Унијата, се додава во Извештајот.