Василев: Ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медали

vasilev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Никола Василев ги искажа своите очекувања за настапот на претстојното Европско првенство Б-Дивизија.

– Имавме три подготвителни дуели на кои видовме до каде сме и кои се нашите недостатоци, се соочивме и со повреди на неколку кошаркари, не бевме постојано комплетни, но најважно е што во моментов сите се здрави и подготвени за настап. Од она што остана како впечаток досега, мора да играме силна одбрана во текот на сите 40 минути за да бидеме конкурентни на првенството и да ја оствариме целта. Сепак, сметам дека подготвени за она што нè очекува. Би сакал да одиме чекор по чекор, во моментов најважно е да ја поминеме групата, па потоа можеме да размислуваме за се, за сите опции. Како конкуренти за највисок пласман ги гледам Чешка, Финска и Шведска, но и ние ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медалите, изјави Василев.


Европскиот шампионат ќе се одржи во Скопје од 7 до 16 јули со учество на 19 репрезентации кои ќе ќе се борат за места кои водат во елитната „А“ Дивизија.

Македонската репрезентација е дел групата „А“ во која за противници ги имаат селекциите на Словачка, Бугарија, Чешка и Ирска.

Пласман во елитата обезбедуваат првопласираните три селекции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK