Иран се обиде да заплени два танкера во Ормутски Теснец

Iran
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран денеска се обиде да заплени два танкера во близина на Ормутски Теснец, и пукаше во еден од нив, соопшти американската морнарица.

Иранските бродови се повлекле откако американската морнарица одговорила на повикот за помош и двата трговски брода продолжиле со своите патувања. Пукањето не предизвикало жртви или поголема материјална штета.


Американската морнарица соопшти дека Иран во изминатите две години запленила најмалку пет комерцијални бродови во последните две години и малтретирал неколку други. Поголем број инциденти се случија во Ормускии Теснец и во близина на Персиски Залив, низ кој минува 20 отсто од целата сурова нафта.

Иран сè уште не го коментирал инцидентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK