Маричиќ: Стратешкото партнерство со САД значајно за брзи реформи и напредок во процесот на преговори со ЕУ

Maricic-Angela Agelar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Билатералните односи, процесот на евроинтеграции, регионалната соработка и актуелни политички случувања во регионот биле теми на кои денеска дискутирале вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во државава Ангела Агелер.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП),  Маричиќ кратко ја брифираше Агелер за текот на скрининг процесот, за изработката на Патоказите и кои се неговите очекувања во пресрет на добивањето на скрининг извештаите.


Во таа насока, посочува СЕП, Маричиќ укажа на следните чекори кои треба да се преземат за брз напредок во процесот, потенцирајќи дека значајна ќе биде поддршка на САД за европската иднина на Македонија.

-Американската политичка и развојна поддршка и помош насочена кон зајакнување на демократијата, судските реформи, македонската економија и енергетскиот сектор во голема мера помага и придонесува што поскоро да ги достигнеме стандардите на ЕУ, рече Маричиќ.

Амбасадорката Агелер, како што информира СЕП, изрази уверување дека САД и Македонија имаат високо ниво на меѓусебни односи и дека во иднина ќе продолжат да работат на зајакнување на стратешкото партнерство, со фокус на исполнување на надворешнополитичкиот приоритет на Македонија и на создавање услови за ново приближување кон ЕУ, до крајот на годината.

-Маричиќ на средбата, која ја реализира во пресрет на неговата официјална посета на Вашингтон, ја информираше амбасадорката на САД и за активностите и плановите на Владата за исполнување на реформските приоритети, како дел од европска агенда, пред сè во областите на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Од страна на Маричиќ беше посочено дека е важно за европската перспектива на  Македонија да продолжи континуираната поддршка од страна на САД во спроведувањето на сеопфатните реформи, кои досега, како што кажа тој, „во добар дел придонесоа да се постигнат значајни резултати во повеќе области“, кои се заеднички придонес на двете земји во забрзувањето на процесот за членство во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK