Лога: Новата одлука на Уставен суд со новото упатство е беспредметна

loga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Кренар Лога на новинарско прашање во врска со издавањето на документи од матичната евиденција и дали графата за националност ќе се пополнува со воведувањето на времената мерка што ја донесе Уставниот суд напомена дека новата одлука на овој суд со новото Упатство за водење на матични книги е беспредметна.

Според министерот Лога, новото упатство нема содржински да се менува.


– Со оглед дека има најави од Левица, повикувам таа да се подигне пред Уставниот суд и тие да го кажат последниот збор на седница, тоа што сакам да го напоменам е дека Упатството е врз основа на закони донесен е во 1995 година, рече Лога.

Тој напомена дека според старата евиденција се определува и националната припадност на, како што рече, и тројцата уставни судии од немнозинството кои се избираат во Собранието на РСМ и дека не постои друг доказ за нивната припадност.

– Ние сакаме да се повикуваме на практики и конвенции и го повикувам судот што побрзо да се произнесе и да не губи време по ова прашање и ако реши дека е противуставно сите да ја почитуваме таа одлука, вели Лога.

На забелешките на поранешната министерка и професорка по уставно право Рената Дескоска за Упатството смета дека таа сега не треба да зборува во јавноста, бидејќи, како што рече, таа и претходно не го следела правото и дозволила да се спроведат уставните измени без да поминат низ Министерството за правда, туку тие да одат преку Минстерството за надворешни работи, што го оцени како преседан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK