Куманово ќе додели 300.000 денари на општина Делчево за санација на последиците од невремето кое го зафати градот на 8 јуни, годинава, одлучија денеска советниците на 26-тата седница на советот. Предлогот до советот го достави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Елена Доцевска Божиновска, а скоро едногласно беше поддржан од сите членови.
– Во консултација со службите одлучивме да предложиме помош од 300.000 денари со цел да се помогне, кажа советничката.
Советот на општина Куманово со години носи одлуки за помош и поддршка на градови, луѓе и не само од државата туку и од соседните држави.
– Мислам дека ова е пракса да помагаме во вакви непогоди, покажавме емпатија и солидарност, кажа претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.