Според резултатите од анкетата, презентирани денеска од Европска комисија, 88 проценти од Бугарите изјавиле дека корупцијата е широко распространета, осум отсто одговориле дека е „ретко распространета“, а за еден процент од испитаниците корупција во земјата „не постои“.
Речиси половина од Бугарите (48 отсто) истакнале дека оние кои се фатени во ситна корупција добиваат „соодветни“ казни. Само 11 проценти го делат истото мислење за оние кои се фатени во корупција на високо ниво. Додека 15 отсто од испитаниците изјавиле дела во Бугарија мерките против корупцијата се применуваат непристрасно и без задни намери.
Мнозинството анкетирани (76 проценти) не очекуваат фатените во корупција да бидат обвинети и изведени пред суд. Вкупно 65 отсто не очекуваат коруптивните случаи да бидат пријавени во полиција или обвинителство. Вкупно 84 проценти не очекуваат овие случаи да резултираат со парични или затворски казни.
За споредба, во ЕУ 65 проценти сметаат дека корупцијата е широко распространета, 30 отсто оценуваат дека е ретка, а нема одговори дека нема корупција.