Османи ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур

osmani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) во Стразбур.

Пред Комитетот на министри на СЕ, како што најавија од МНР, Османи ќе ги презентира досегашните активности во својство на Претседавач со ОБСЕ, како и претстојните планови од програмата на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.


Најавена е и средба на министерот Османи и со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, на која ќе разговараат за заедничката работа на ОБСЕ и Советот на Европа, во насока на воспоставување на стабилност и безбедност врз основа на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Европа и во поширокиот регион на ОБСЕ.

Покрај со Пејчиновиќ-Буриќ, Османи ќе има средба и со комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK