Американскиот претседател Џо Бајден денеска се осврна на масовните престрелки што ги потресуваат САД и истакна дека вооруженото насилство ги уништува американските заедници.
– Во последните неколку дена, низ САД – од Филаделфија, Форт Ворт и Балтимор, преку Лансинг и Вичита до Чикаго, нашата нација повторно претрпе бран трагични и бесмислени престрелки, рече Бајден.
Тој додаде дека треба да се преземат многу повеќе активности за да се стави крај на „епидемијата на вооружено насилство што ги распарчува американските заедници“, се вели во соопштението од Белата куќа.