До 8 јули затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање од 8 до 18 часот

stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, АМСМ информира дека поради асфалтирање, од денеска до 8 јули годинава, ќе биде затворена за сообраќај селницата Велес – Градско (во н.м. Градско) во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај, со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.


Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK