Али Ахмети на крајот на политичката кариера, ќе остане запаметен како човекот кој потона во криминал и корупција, а во нив го вклучи и семејството

vmro_dpmne_34535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Али Ахмети и самиот е свесен, дека неговата политичка кариера се ближи кон крајот, а ќе остане запаметен кај народот, дека освен тоа што ја направи ДУИ криминална организација, туку и по тоа што во овие црни работи, го вклучи своето семејство, а едни од многуте примери се неговиот син Шкумбин и неговите внуци, Дрин и Бесијан.
Внукот Дрин купува згради вредни 30 милиони евра, другиот внук Бесијан е назначен од послушникот на Ахмети, министерот Османи, за прв секретар во амбасадата во Брисел, притоа скокајќи за 3 места нагоре во административната хиерархија. За да биде од дното и поголемо дно, овие двајца, заедно со синот на Али Ахмети, Шкумбин, ќе градат заедничка фотоволтаична централа, од 60 мегават-часови, која ќе биде во јавно-приватно партнерство со државата.
Молчат партизираните институции, а очигледно амин имаат и од домазетот во владата Ковачевски, кој глуми цело време паднат од Марс, како тој ништо не знае.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја превземе власта за неколку месеци, ќе знае и тоа како, да одговори на криминалот и корупцијата на власта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK