Мајк Пенс повторно со безрезервна поддршка за Украина

majk pens
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајк Пенс, поранешен потпретседател и учесник во трката за претседателски кандидат од Републиканската партија во настапите на американските телевизии синоќа повторно испрати безрезервна поддршка за Украина.

Во интервју за Си-Ен-Ен тој констатираше дека во „неговата партија, како и во целата земја се расправа за учеството на САД (во настаните во Украина)“.


– Но, јас сум длабоко убеден дека мнозинството Американци се свесни дека ние сме лидери на слободниот свет и одбрана на слободите и ги поддржуваме сите кои се борат за својата слобода, тоа секогаш ја засега Америка, истакна Пенс.

Слична поддршка тој даде и во настап за телевизијата Си-Би-Ес.

Во однос на ова тој стави до знаење дека Украина не може да стане членка на НАТО додека војната не заврши.

Пенс ги даде коментарите по неговата посета на Киев минатата недела. Ги пренесе впечатоците од средбата со Володомир Зеленски и кажа дека украинскиот претседател „ќе биде отворен за условна покана“ на земјата да стане членка на Алијансата тогаш кога „војната ќе биде добиена“.

Тој е меѓу тројцата најистакнати кандидати од Републиканската партија кои се борат за номинација претседаталски кандидат на изборите закажни за ноември 2024 година. Останатите двајца се гувернерот на Флорида, Рон Десантис и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK