Заврши здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“, донирани се прегледи во вредност од 1.000.000 денари

zan-mitrev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Караванот „Здравје за сите“ кој овозможи бесплатни кардиоваскуларни прегледи наменети за пензионерите, со посетата на Крушево ја заврши својата мисија. Тимот доктори од Клиника Жан Митрев посети вкупно 11 града во Источна и во Западна Македонија, при што беа донирани прегледи во вредност од над 1.000.000 денари.

Реализацијата на здравствениот караван и на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиниката Жан Митрев и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија. Спроведени на терен беа во соработка со локалните организации со цел да се опфати оваа ранлива категорија граѓани кои немаат можност да патуваат или да добијат ваков тип услуги на локално ниво.


Сите пензионери што се пријавија за бесплатни прегледи добија анамнеза, ЕКГ и читање, ултразвучен кардио васкуларен преглед, контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања. Прегледите беа спроведени од докторките специјалисти Јасмина Зафировска и Дашурие Незири.

Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Покрај прегледите пензионерите добиваа и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK