Двајцата лидери ги потврдија блиските врски меѓу двете земји, како и нивната волја за зајакнување и продлабочување на одличната грчко-американска соработка, особено на полето на одбраната и енергетиката, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер за телефонскиот разговор што Киријакос Мицотакис го имал вечерва со претседателот на САД Џо Бајден, јави дописничката на МИА од Атина.
Бајден му ја честитал победата на Мицотакис и истакнал дека очекува уште поблиска соработка со новата грчка влада. За време на разговорот, според кабинетот на Мицотакис, било истакнато „значењето на стратешката соработка меѓу Грција и САД за стабилноста и безбедноста во поширокиот регион на источниот Медитеран“. Паралелно американскиот претседател ја изразил неговата благодарност „за поддршката што Грција и ја пружи на Украина од самиот почеток и за нејзината улога како сигурен партнер и сојузник во регионот“