Бил Клинтон утре ќе допатува во дводневна посета на Албанија

klinton_3453534534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Поранешниот американски претседател  Бил Клинтон, утре ќе допатува во дводневна посета на Албанија, при што ќе му биде врачено признанието  „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“.

– На 3 и 4 јули, 42-от претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, првпат ќе ја посети Албанија. Клинтон и  делегација што го придружува ќе допатуваат во Тирана во понеделник, 3 јули, попладне, каде во 19 часот ќе бидат примени од премиерот Еди Рама на специјална официјална церемонија на булеварот „Народни херои“ пред владата со учество и на граѓани, јави државната агенција АТА.


По изведувањето на националните химни на САД и Албанија, премиерот Еди Рама, на чија покана доаѓа Клинтон,   ќе си разменат знамиња на двете земји.

Во 19:25 часот ќе се одржи церемонијата на врачување на  признанието  „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“ на која свои обраќања ќе имаат Рама и Клинтон.

– Ова предвидена и планирана посета подолго време која ја чувавме во тајност само поради какво било изненадување што може да го има неговата агенда. Тоа е средба за да се овозможи доаѓање  на претседателот Клинтон во Албанија. Тој бил на Косово, го знае Косово, но никогаш не бил во Албанија, додека за Албанците тој и неговото семејство имаат огромна почит и чувство на наклонетост,  рече Рама во врска со посетата.

Зборувајќи за агендата на посетата, Рама информира дека „ќе му приредиме албански пречек и ќе му дадеме можност малку да се запознае со Тирана“.

Додаде дека „ова е посета и воопшто не е во контекст на оваа актуелна  несреќна реалност“.

-Двајцата големи татковци на она што се случи на Косово се Бил Клинтон и Тони Блер, но дојде момент кога децата не ги слушаат своите татковци,  додаде Рама, мислејќи на непослушноста на косовскиот премиер Албин Курти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK