Османи: Компетенции да зборуваат за внатрешни прашања во ДУИ, имаат само резапишаните

osmani_345345435534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Компетенции да зборуваат за внатре партиски прашања, имаат само тие, коишто се регистрирале како членови на ДУИ, одговори денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.

Прашан дали очекува изборите во партијата да го решат проблемот што постоел со Огнената група,Османи на денешната прес-конференција во МНР, рече дека имало процес на ререгистрирање на членството.


– Членството се ререгистрираше во организацијата. Така да, компетенции да зборуваат за внатре партиски прашања, имаат само тие, коишто се резапишале, се регистрирале како членови на ДУИ. Тие кои не се запишале како членови на ДУИ, можат да зборуваат од странична позиција и да ги коментираат процесите, меѓутоа ова е внатре партиски процес во организацијата, рече Османи.

Тој кажа дека ДУИ е организација што поставува стандарди.

– Прва што наметнува принцип, еден член, еден глас. Денеска ако се движите низ државата, ќе видите изборен процес како што се одвива на државни избори со една конкурентност, една демократичност, што колку е важно за ДУИ, е важно за наметнување на стандарди за државата. Мислам дека тоа е додадената вредност на ова што се случува денеска во организацијата, мислам дека има историско значење, додаде Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK