Приведен гостиварец баран со потерница

mvr_3453453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Вчера утрото во 10.25 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, по претходно издадена судска наредба од Основен суд Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Џ.Р.(43) од Гостивар, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во Казнено поправна установа Затвор Тетово-Тетово.

Како што информираат денеска од МВР, лицето е спроведено до Казнено поправната установа.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK