Македонските спортисти го завршија настапот на Европските игри, се враќаат со сребрен медал

angjel petrushev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со денешниот настап на Анѓел Петрушев во кајак крос, македонските спортисти го завршија учеството на Европските игри во Полска од кои се враќаат со еден освоен медал.

Единственото одличје го освои таеквондистот Дејан Георгиевски, кој во категоријата над 87 килограми се закити со сребрениот медал, откако во финалето со 2-0 во рунди беше поразен од Британецот Кејдон Луис Канингам.


Последниот македонски натпреварувач на Европските игри, Петрушев, попладнево го заврши настапот на 28 место од 52 натпреварувачи со време 70:20 секунди.

Резултатот не беше доволен да се квалификува понатаму во битката за медали, но Петрушев во силна конкуренција покажа дека е голем талент и може да се натпреварува со многу поискусните европски кајакари.

На Европските игри кои почнаа на 22 јуни и до утре се одржуваат во Краков и други 12 полски градови настапија 17 македонски спортисти во седум спортови или дисциплини,

Европските игри во Полска се најмасовни досега во историјата на ова натпреварување со околу 7.000 спортисти од 48 држави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK