Ковачевски за ставот на Груби за ДКСК: Не оправдувам, ниту се согласувам со паушални оценки дадени од кој било поединец

dksk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека Собранието е единственото меродавно тело кое може да дава оценка за работата на Антикорупциската комисија. Тој не оправдува, како што изјави денеска, лични квалификации и паушални оценки дадени од кој било поединец за ниту една институција.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со јавно изнесениот став на Артан Груби за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Ковачевски рече дека прашањето кој бил мотивот за тоа, треба да му се постави на Груби.


Ставот на СДСМ останува ист, ВМРО-ДПМНЕ имаше и се уште има опција за избори. Треба да им се даде простор да се приклучат кон работните групи за да се дефинираат деталите. Постојат одредени ф

-Антикорупциската комисија е независна институција, избрана од страна на Собранието и одговара пред него. Во однос на оценката за работата на која било институција никогаш не сум се водел, не сум давал, ниту сум се согласувал со паушални оценки дадени од кој било поединец. Секогаш сум се залагал за оценување на работата врз основа на пропишана процедура, а кај Антикорупциската комисија таа процедура е пропишана согласно извештај кој го доставуваат до Собранието и кој се разгледува во рамки на соодветните тела, како и на пленарна седница. Затоа, единствено меродавно тело кое може да даде оценка врз основа на актите и перформансите на ДКСК, е собраниската комисија. Лични квалификации и оценки не сум давал и не оправдувам кога некој друг дава, но за мотивот зошто некој би дал оценка за некоја институција, ќе мора да го прашате човекот кој дал таква квалификација, истакна премиерот.

Според него, ДКСК од оваа Влада има голема поддршка.

-Првпат им беа обезбедени соодветни простории, во кризна година им беше зголемен буџетот и беа обезбедени зголемен број вработувања за непречена и поефикасна работа. Секогаш сум бил на став дека вакви институции треба да имаат општествена поддршка, тие ја имаат мојата поддршка зашто имаат многу важна улога – борба против корупцијата која треба да биде еден од приоритетите на државата, подвлече Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK