„На протестот ќе видите многу луѓе кои што се препознатливи за ВМРО-ДПМНЕ, тоа што можев да го видам пред денешната емисија, и тоа дека голем дел од пратеничката група пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се токму таму. Голем број на партиски членови и активисти се токму таму. И самото тоа говори за ставот јасен на ВМРО-ДПМНЕ и мој личен. И да не беше ова наше денешно интервју и Вашата покана и јас ќе бев таму заедно со моето семејство“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде дека е апсолутно против законите и го поддржува протестот на МПЦ-ОА.
На прашањето дали пратеничката група ќе го поддржи законот во Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржи таков закон.