Мислам дека беше очекувана одлука по трите порази што ги претрпе СИРИЗА и лично Алексис Ципрас на националните избори, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за денешната оставка на лидерот на опозициската партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис додаде дека со оставката на Ципрас се затвора еден циклус.
-СИРИЗА беше партија која изминативе години и како власта и како опозиција беше поистоветена со токсичност, со говор на поделби, но и со огромна неефикасност кога беше повикана да управува со иднината на државата. Партиите треба да ги обединуваат граѓаните и треба, пред сè, да предлагаат реални, исплатливи и остварливи решенија за проблемите на граѓаните. СИРИЗА никогаш не беше по овој пат. Се надевам дека ќе го најде и искрено го посакувам тоа, рече Мицотакис.