Има иницијатива преку која ќе бидат надминати темите за унификација на Правилникот за оправдани инвестициски трошоци, како и за усогласување на висината на грантовите кои компаниите ги добиваат за новоотворени работни места, а во скоро време Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во соработка со сите надлежни министерства и други релевантни институции ќе излезе со конкретни предлог измени како на законски така и на подзаконските акти кои ја дефинираат оваа материја, информираа по денешната средба вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и претседателот на бордот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо.
На средбата на Битиќи со бордот, претставниците на ССИ дополнително побараа да бидат дел од работните групи кои работат на новиот закон за ТИРЗ затоа што истиот во најголема мерка ги третира нивните членки кои работат во рамки на технолошко индустриските зони.
Како што информираат од Владата, една од темите за која се разговараше беше воведувањето на минимален корпоративен данок на глобално ниво, и како нашата земја ќе ги следи и адресира овие глобални случувања.
– Ова прашање е многу важно за нас поради фактот што нашата земја е препознаена од страна на странските инвеститори како добра дестинација за инвестирање, и нискиот корпоративен данок го има како една од нејзините компаративни предности, велат од Владата.
Исто така од страна на Советот беше отворено прашањето за понатамошно хармонизирање на домашниот со царинскиот тарифник на ЕУ, на што, како што се наведува, вицепремиерот Битиќи искажа целосна спремност истиот уште еднаш да се ревидира во насока на намалување на царинските стапки за оние суровини со кои ќе се зголеми конкурентноста на домашните компании, а тоа индиректно ќе значи поголема вредност за домашната економија и секако повисоки плати и нови работни места.
– Членките на Советот уште еднаш го повторија и потврдија задоволството од воведениот модел на дуално образование, и изразија желба покрај овој начин на соработка на компаниите и формалното образование, истата да биде издигната на едно повисоко ниво каде со помош на Кабинетот на вицепремиерот и Владата ќе може да се оствари соработка со факултетите и другите образовни институции преку која ќе се овозможи уште поинтензивно намалување на јазот помеѓу потребите за работна сила на компаниите и кадарот кој нашето формално образование го креира, се нагласува во соопштението.
Има иницијатива преку која ќе бидат надминати темите за унификација на Правилникот за оправдани инвестициски трошоци, како и за усогласување на висината на грантовите кои компаниите ги добиваат за новоотворени работни места, а во скоро време Кабинетот на Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во соработка со сите надлежни министерства и други релевантни институции ќе излезе со конкретни предлог измени како на законски така и на подзаконските акти кои ја дефинираат оваа материја, информираа по денешната средба вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и претседателот на бордот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо.
На средбата на Битиќи со бордот, претставниците на ССИ дополнително побараа да бидат дел од работните групи кои работат на новиот закон за ТИРЗ затоа што истиот во најголема мера ги третира нивните членки кои работат во рамките на технолошко индустриските зони.
Како што информираат од Владата една од темите за која се разговараше беше воведувањето на минимален корпоративен данок на глобално ниво, и како нашата земја ќе ги следи и адресира овие глобални случувања.
– Оваа прашање е многу важно за нас поради фактот што нашата земја е препознаена од страна на странските инвеститори како добра дестинација за инвестирање, и нискиот корпоративен данок го има како една од нејзините компаративни предности, велат од Владата.
Исто така од страна на Советот беше отворено прашањето за понатамошно хармонизирање на домашниот со царинскиот тарифник на ЕУ, на што, како што се наведува, Вицепремиерот Битиќи искажа целосна спремност истиот уште еднаш да се ревидира во насока на намалување на царинските стапки за оние суровини со кои ќе се зголеми конкурентноста на домашните компании, а тоа индиректно ќе значи поголема вредност за домашната економија и секако повисоки плати и нови работни места.
– Членките на Советот уште еднаш го повторија и потврдија задоволството од воведениот модел на дуално образование, и изразија желба покрај овој начин на соработка на компаниите и формалното образование, истата да биде издигната на едно повисоко ниво каде со помош на Кабинетот на Вицепремиерот и Владата ќе може да се оствари соработка со факултетите и другите образовни институции преку која ќе се овозможи уште поинтензивно намалување на јазот помеѓу потребите за работна сила на компаниите и кадарот кој нашето формално образование го креира, се нагласува во соопштението.