Се поставува нов цевковод за водоснабдување на селото Видовиште во општина Зрновци

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Зрновци ја почна реализацијата на нов инфраструктурен зафат за подобрување на снабдувањето со вода за пиење на жителите од селото Видовиште.

Градежна механизација и работници на ЈКП „Водна кула“ се ангажирани на изградбата на новиот доводен цевковод, на потегот од зафатот на Видовишка Река до резервоарот за водоснабдување, во должина од илјада метри.


-Со веќе изградениот зафат за јавниот водовод од пред педесетина години, жителите се снабдуваа преку цевковод со пречник од 50 милиметри, што беше недоволно за задоволување на нормалните потреби. Денеска почнуваме со инсталација на нова цевка со пречник од 125 милиметри, со што ќе ја зголемиме динамиката и количината на вода за четири до пет пати. Градежните работи што ги преземаме треба да завршат за десетина дена, со што повеќедеценискиот проблем ќе стане минато и уште од оваа летна сезона жителите ќе имаат нормално снабдување со вода за пиење, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.

По инсталирањето на новиот цевковод, инфраструктурниот проект ќе продолжи со изградба на дополнителен резервоар за водоснабдување на жителите од ова населено место.

Освен во Видовиште, Општина Зрновци ја релизира и изградбата на таложници од втората фаза за каптажа на водоводот во селото Мородвис, со што ќе се реши механичкото нарушување на квалитетот на водата за домаќинствата, до што доаѓаше по секој пороен дожд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK