– Национален младински Совет на Македонија одбележува 10 годишно постоење, а по тој повод вечерва во Кавадарци беше реализиран еко квиз, соработка со кавадаречкото здружение за заштита на животната средина „Еко – живот“, член на НМСМ. На настанот беше кажано дека ова е само една од активностите со кои се одбележува јубилејот.
– Заедно со младите од Кавадарци реализираме повеќе интересни дружења. На агендата, освен квизот, се и музички перформанс од флејтистката Илина Ристова и забава со песните на DJ Иван. Поставен е и отворен штанд, на кој сите заинтересирани можат да се информираат за работењето на НМСМ и на „Еко – живот“, појасни Кристијан Пешов, член на кавадаречкото здружение и младински координатор.
Целта е, како што нагласи, да се мотивираат младите, за вклучување во борбата за подобра животна средина во општините, како и искористување на можностите од страна на младите, за подобра иднина.