Шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин на почетокот од бунтот планирал да уапси двајца највисоки руски воени функционери, објави „Волстрит џурнал“.
Според весникот, заговорот на Пригожин вклучувал апсење на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов за време на нивната посета на пограничната област.
Додека Си-ен-ен јави дека руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) дознала за заговорот два дена пред да се случи бунтот, принудувајќи го Пригожин во последен момент да ги промени своите планови и наместо тоа да се упати кон Москва.
Претходно „Њујорк тајмс“ објави дека Суровикин, кој е и заменик командант на руската „специјална воена операција“ во Украина, однапред знаел дека Пригожин планира бунт против руските претставници од одбранбениот сектор.